Џорџ Р. Р. Мартин проговорел за “Game of Thrones”: “Серијата не беше добра за мене”

Точка

20/08/2019

13:53

1.885

Големина на фонт

а а а

Писателот Џорџ Р. Р. Мартин повторно се огласил и рекол дека е среќен што “Game of Thrones”, серијата која се базираше на неговите книги од серијалот “Song of Ice and Fire”, завршила.

Славниот автор признал дека пишувањето на сценариото за популарната серија го забавил завршетокот на овој серијал кој би требало да биде наречен “The Winds of Winter”. Џорџ во интервју за “Observer” признал дека не мисли дека серијата била добра за него. 


“Наместо да ме поттикне да ги завршам книгите, таа всушност ме забави. Секој ден пишував, дури и кога имав добар ден. Но, се чувствував ужасно затоа што секој ден помислував: “Боже, па морам да ја завршам и книгата”. Напишав само 4 страници наместо 40”, изјавил писателот.

Осмата и последна епизода на “Game of Thrones” беше емитувана во мај. Последните неколку епизоди добија голем број негативни коментари, а дури беше покрената и петиција за снимање на нови.

Меѓутоа, Мартин рекол дека не се обѕирал на ваквите критики и дека луѓето треба да “бидат оставени да имаат свои теории”, пренесува “Independent”.


“Се извлеков од таа приказна. Поединечни теории на фановите се добри, но поединечни се погрешни. Секако, ќе се дознае кога ќе ја завршам книгата”, објаснил тој.

Последната книга која Џорџ Р. Р. Мартин ја напиша е “A Dance with Dragons” која излезе во 2011 година, а сè уште треба да ја доврши приказната на последниот роман. Мартин исто така беше ангажиран на пишување на серијата чија приказна ќе се однесува на времето кое ѝ претходело на борбата за Железниот престол, а во која една од главните улоги ќе ја има Наоми Вотс.



Спонзорирани линкови

Маркетинг