Доста беше купување, од Арсенал заминува гостиварецот Мустафи

Дерби

20/08/2019

14:33

1.097

Големина на фонт

а а а

Со доаѓањето на Давид Луиз, Шкордан Мустафи стана вишок во редовите на Арсенал, па многу веројатно ќе си замине од клубот до крајот на преоодниот рок.

За фудбалерот роден во Гостивар постои интерес од тимот на Рома која планира да го донесе Мустафи на едногодишна позајмица.

Германскиот интернационалец нема настап во првите две кола за Арсенал и како што најавил бил подготвен да си замине од клубот во следниве неколку денови.

За Мустафи постои интерес и од неколку членови на Бундеслигата, но тој во моментов е најблиску до Рома.



Спонзорирани линкови

Маркетинг