Објавен е првиот трејлер за новиот „Рамбо“ - Нè очекува многу акција

Точка

23/08/2019

12:52

1.345

Големина на фонт

а а а

Легендарниот Џон Рамбо се враќа на големото платно и кон крајот на септември ќе ја има премиерата со наслов „Rambo Last Blood“, петтото продолжение на акциката сага и последно во кое главната улога ќе ја има Силвестер Сталоне.

Конечно е објавен првиот трејлер, а фановите се воодушевени затоа што акцијата во новото продолжение има голем напредок.

Акцијата во филмот се одвива во САД и во Мексико, а Рамбо живее на ранч во Аризона и боледува од ПТСП.

„Рамбо ќе мора да се соочи со минатото и да ги открие новите неверојатни борбени вештини за да се одмазди во последната мисија. Тоа означува последното поглавје од легендарната сага“ - стои во описот на филмот.

Сталоне има 73 години и признава дека поради тоа мора да го намали бројот на акциски сцени во кои соработува. „Срцето сака, а телото ми порачува - остани дома. Како оние борци кои “газат“ во последните натпревари. Препушти му го тоа на некој друг“ - се пошегувал актерот во интервју за „Variety“.

Со своите 10.5 милиони следбеници неодамна ја споделил фотографијата од монтажата на новиот филм за Рамбо.

„Последен ден на монтажата... Актерите можеби ја добиваат целата слава, но потреби се и стотина посветени работници позади сцента за филмот да биде успешен! Ви благодарам на сите“ - напишал на Инстаграм Силвестер.



Спонзорирани линкови

Маркетинг