Дискографската куќа ѝ го раскинала договорот: “Албумите не се продаваат, а песните ѝ се лоши”

Точка

23/08/2019

16:44

13.571

Големина на фонт

а а а

Британската пејачка Лили Ален пред 13 години се појави со песната “Smile” и за кратко време стана една од најслушаните изведувачки во светот.

Таа освои и Греми награда и покрај пејачките Адел и Ејми Вајнхаус важеше за ѕвезда на новата музичка сцена. 

Но, се чини дека популарноста на Ален опаѓа, особено во последните пет години. Доказ за тоа се и двата лошо продавани албуми “Sheezus” и “No Shame” поради кои дискографската куќа “Parlophone” одлучила да не ѝ го продолжи договорот на пејачката. Оттаму објасниле дека “нејзиниот момент поминал” и дека на сцената се појавиле нови лица.

“Поп индустријата се промени и нејзиниот момент помина. Последниот албум не се продаваше, песните не се појавија ниту на топ листите, тоа беше неизбежно”, изјавил извор од “Parlophone” за “The Sun”.


Но, не е само дискографската куќа незадоволна од соработката – и Лили Ален веќе подолго време е незадоволна од нивниот однос кон неа.

“Работата на мојата издавачка куќа е да го промовира и дистрибуира мојот материјал и да ми обезбедува настапи на телевизија и радио. Ништо од тоа не се случи”, рекла пејачката минатата година откако нејзината автобиографија “My Thoughts Exactly” го виде светлото на денот, а во која зборувала и за сексуалното вознемирување кое го доживеала од еден вработен во дискографската куќа.


По пишувањата на медиумите дека на нејзината кариера ѝ се ближи крајот, Ален се огласила на социјалните мрежи.

“Мислам дека “The Sun” не сјае од мојот задник или било што, но “No Shame” беше прилично добар”, напишала таа на Твитер, а бројни обожаватели и пејачи искоментирале дека албумот е одличен и дека нема потреба од грижи.



Спонзорирани линкови

Маркетинг