Рамос ги избра најважните тренери во кариерата, меѓу нив не се најде Мурињо

Дерби

24/08/2019

14:28

953

Големина на фонт

а а а

Серхио Рамос може да се пофали со исклучително успешна фудбалска кариера во која се вклучени многу трофеи на клупски и репрезентативен план.

Сепак, капитенот на Реал Мадрид очигледно не смета дека Жозе Мурињо имал посебен придонес за резултатите кои ги постигнувал досега и не го вклучи меѓу најзначајните тренери во кариерата.

– Првиот тренер кој влегува во овој избор е Хоакин Капарос, под негово водство го одиграв првиот наптревар во Ла Лига, а тука е и Луис Арагонес кој ми овозможи рано да дебитирам во шпанската репрезентација.

– Во улогата на мои важни тренери можам да ги вклучам и Карло Анчелоти и Зинедин Зидан, тие се топ тренери и со нив имавме фантастични моменти во Лигата на шампионите, – вели Рамос.



Спонзорирани линкови

Маркетинг