Солскјер ја искоментира пенал утката на Рашфорд, па посочи каде Јунајтед го загуби мечот со Кристал Палас

Дерби

24/08/2019

20:28

2.218

Големина на фонт

а а а

Оле Гунар Солскјер беше принуден да гледа како неговите играчи втор меч по ред не реализираат пенал, а ако пред неколку дена тоа го направи Пол Погба, денеска во таква ситуација се најде Маркус Рашфорд кој го погоди само дирекот во ситуација кога го измами голманот Гуаита.

По утката на Рашфрод, следеше шокантен расплет на „Олд Трафорд“ за домашните навивачи, бидејќи Џејмс најпрво израмни на 1:1 во 89-та минута, но само четири минути подоцна Кристал Палас стигна до првата победа на театарот на соништата по пауза од 30 години со голот на Ван Анхолт.

Веднаш по првиот пораз во сезоната, прва изјава даде Солскјер, кој потенцираше дека ќе остане да им верува на двајцата играчи и покрај последните утки.

– Ако продолжиме да создаваме такви ситуации, ќе добиваме уште повеќе пенали и мора да дојдат головите. Веруваме во двајцата дека ќе се вратат на погодоците. Кој ќе го шутира следниот пенал? Еден од двајцата играчи кои ги утнаа последните два. Два меча, два утнати пенали, за жал тоа е дел од играта. Понекогаш се случува ова, и јас самиот имам утнато неколку. Ако ги дадевме двата пенали, сега ќе беше друга приказна, – порача Солскјер во првата изјава по мечот и додаде.

– Се браневме многу лошо на моменти денеска и тоа не чинеше пораз. Понекогаш не го пронаоѓате тоа што го сакате, а тоа нас ни се случи денеска. Едноставно не го тестиравме нивниот голман, бевме многу непрецизни и тоа не чинеше неуспех, – заклучи Оле.



Спонзорирани линкови

Маркетинг