“Ми велат дека сум храбра бидејќи се соблеков. Не сум храбра, се чувствувам и повеќе од секси”

Точка

01/09/2019

14:47

10.382

Големина на фонт

а а а

Американската пејачка Лизо во новото интервју за “Glamour” вели дека ѝ е мило што ја има поддршката од фановите, но и дека не е нормално што е една од ретките корпулентни дами која има високо мислење за себе.

31-годишната пејачка се прослави со своите мотивациски песни, а кога претходно оваа година настапи на доделувањето на BET наградите, таа се погрижи целиот свет да слушне за неа. 

Меѓутоа, Лизо сега изразила фрустрација што луѓето ја опишуваат како “храбра” бидејќи одлучила да ја покаже својата самодоверба на сцена и покрај вишокот килограми.

“Кога луѓето го погледнаа настапот и го видеа моето тело, сите коментираа дека сум храбра. Не, не сум храбра. Јас сум одлично и се чувствувам многу секси”, изјавила таа.


Лизо зборувала и за двојните стандарди кои владеат во музичката и филмската индустрија, каде успехот на жените зависи само од нивната градба.

“Да ја видите Ен Хатавеј во бикини на билборд не би ја нарекле храбра, зарем не?”.

Иако е среќна што станала влијателна во светот на плус-сајз жените, Лизо истакнува дека е ретка помеѓу нив и дека сè уште нема толкава разноликост колку што би требало да има.


“Денес имаме интернет. Секој може да пребарува она што го интересира – дебели бутови, руса коса, манекенки... Ајде да направиме малку повеќе место за поинаквите жени. Направете малку место и за мене, за генерацијата на новите уметници кои навистина не се плашат што имаат самодоверба. Тие отсекогаш биле тука, само сега сакаат да бидат слободни”, истакнала пејачката.




Спонзорирани линкови

Маркетинг