Сите се загрижени за бракот на кралскиот пар...

Точка

02/09/2019

11:29

5.079

Големина на фонт

а а а

Меган Маркл и принцот Хари на прв поглед делуваат среќно, но многумина се сомневаат во нивниот среќен брак.

Дури и обичните бракови знаат да западнат во криза, а камоли браковите на членовите на кралските семејства во кои се вперени многу погледи. Иако неодамна добија дете и речиси секогаш се насмеани, нивните обожаватели но и странските медиуми се плашат дека нивниот брак западнал во криза, а некои дури споменуваат и развод. 


Овој пар се запознал “на слепо” во 2016 година, а за помалку од две години веќе беа верени. Кралското семејство, а и јавноста во голема мера се сложила дека тие двајца непромислено “влетале” во брак.

Причината која медиумите ја наведуваат е дека тие биле лудо заљубени, а од друга страна, многумина помислиле и дека имале притисок поради своите години и дека тоа всушност е причината. Секако нивната одлука предизвикала голема драма во семејството.


Како главна причина за криза во бракот се наведува и фактот дека поради пребрзото влегување во истиот, Меган сè уште не е навикната на својата нова титула и на многубројните кралски правила, за разлика од Кејт Мидлтон, пишува “Cheatsheet” и додава дека тоа на Маркл ѝ создава огромен притисок.

Напнатоста во бракот настанува и поради честите кавги помеѓу принцевите, кои добро се согласувале пред да се појави Меган.



Спонзорирани линкови

Маркетинг