Се слушна експлозија на небото, а потоа хорор! Ова е најголемата авионска несреќа во поранешна Југославија

Точка

11/09/2019

20:15

20.837

Големина на фонт

а а а

Несреќата се случи летото 1976-та година, а небото над Сплит и Загреб било чисто. Никој не можел ниту да замисли каков хорор ќе случи тој ден во Југославија.

Јоже Крумпак седел во пилотската кабина на авионот McDonell Douglasa DC9 на сплитскиот аеродром. Тој дента управувал со авионот за Келн во кој имало 108 патници, во најголем дел Германци кои се враќале од летување.

Точно во 09:48 часот полетал кон Келн, а за помалку од половина час Јоже и останатите патници и членови на екипажот ќе загинат во една од најтешките воздушни несреќи во европската историја.

„Добар ден Загребе, овде е Bealine 476“, рекол пилотот на британскиот авион Trident-3 кој летал кон Истанбул. Времето било добро, видливоста одлична, опремата кај двата авиони била исправна, а екипажот здрав, фокусиран и добро трениран.


Меѓутоа, во загребската контрола на летот, која во тоа време била еден од најпрометните коридори, ситуацијата не била така идеална. Опремата со која што располагале била исправна, но помалку и застарена, а поради недостатокот на луѓе, младиот контролор на лет Градимир Тасиќ работел 12-часовна смена веќе трет ден по ред.

Важен фактор во развојот на критичната ситуација бил фактот што помошникот контролор на горниот сектор не бил на своето работно место. Бил зафатен со радиокомуникацијата со 4 други авиони и телефонски повик со Белград во врска со два авиони во лет преку Сараево и Куманово. Постојат контрадиктори изјави околу тоа што правел шефот на смената за време на несреќата и дали воопшто бил свесен дека помошникот контролор не е на своето работно место.

Тој не направил ништо за да помогне. Требало да забележи дека го нема асистентот и дека контролорот на летот ја врши целата работа сам. Параметрите на летот откриле дека и двата авиони се придржувале до планот на летот. Се претпоставува дека двата авиони биле на автопилот, а со оглед на тоа што двата авиони не превзеле ништо за да ја избегнат несреќата, најверојатно воопшто не се виделе. Конечниот резултат на овие околности и непочитувањата на правилата на контролата на воздушниот сообраќај од страна на загребската контролна кула резултираше со судир на двата авиони.

„Загребе! Гледам судир на авиони! Две летала паѓаат, тие се под нас“, јавил капетанот Кросе на загребската контрола на лет.

Во 10:15 часот дошло до судир на двата авиони на висина од околу 10 километри. Загинаа сите 176 патници и членови на екипажот во двата авиони.

„Слушнавме грмотевица и излеговме на ливадата да го собереме сеното, кога на неколку метри пред мене падна тело на девојче. Потоа паднаа куфери, па понатаму падна уште еден човек“, сведочела своевремено извесна Љуба П. за „Вечерњи лист“.

1,200 полицајци, медицински екипи, пожарникари и локални жители учествувале во потрагата и евакуацијата во следните три дена, но за патниците немало спас. Делови од авионите, опрема, багаж и човечки тела биле расфрлани на подрачје од 10 километри, а спасувачката акција ја отежнал тешкиот терен и шумата.

„Седевме дома и се подготвувавме за да одиме на поле. Одеднаш нешто тресна и истрчавме надвор да видиме дали грми. Но, на небото над нас, видов авион како се врти и распаѓа. Се исплашивме, не можевме да сториме ништо и веднаш влеговме во куќата. Набрзо започна да паѓа на нас, во дворот, на куќата. Како дожд. Удираше на сите страни и не знаевме што е тоа. Кога се смири, излеговме... тоа не беше дожд. Врз нас паѓаа луѓе, куфери, седишта од авионот“, раскажа Марица Брлечиќ за „Јутарњи лист“ пред неколку години.

Заедничката истрага на британските и југословенските власти откри дека најголема вина за несреќата сноси загребската контрола на летот. Заклучено било дека до судирот дошло затоа што контролорите не одржувале адекватна оддалеченост помеѓу леталата, не ја препознале на време катастрофалната ситуација во кој се наоѓаат и не се придржувале до прецизните мерки за спречување на суди.



Спонзорирани линкови

Маркетинг