[ВИДЕО] Филипче: Покрај освоените три градоначалнички места во првиот круг, имаме победа уште во три

Макфакс

02/11/2025

21:36

2.060

Големина на фонт

а а а

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче вечерва на прес-конференција им честиташе на граѓаните за достоинственото гласање на вториот круг на изборите.

„Покрај освоените три градоначалнички места во првиот круг, имаме победа уште во дополнителни три, тоа се Центар, Македонска Каменица и Зрновци. Очекуваме конечни резултати во уште неколку општини кадешто разликата е многу мал број на гласови“, кажа претседателот на СДСМ.

Тој упати честитка до сите градоначалници од сите политички партии.

(Во живо) Прес-конференција на СДСМ, д-р Венко Филипче

(Во живо) Прес-конференција на СДСМ, д-р Венко Филипче

Posted by СДСМ - Социјалдемократски сојуз на Македонија on Sunday 2 November 2025

Филипче информираше дека во изминатите две недели, пред вториот круг на изборите, се вршел огромен притисок на сите кандидати од СДСМ во 17 општини кадешто влегле во вториот круг.

„Не се бираа ниту средства, ниту методи, тоа само говори дека се соочуваме со истата деструктивна власт на ВМРО-ДПМНЕ“, изјави Филипче.

„Овие избори се јасен патоказ за СДСМ, јасно е какви промени треба да се направат, а следните денови тоа ќе се случи“, додаде претседателот на СДСМ.