Тифозите на Интер го начекаа Конте: Кој не скока, тој е за Јуве

Дерби

11/09/2019

21:15

1.515

Големина на фонт

а а а

Антонио Конте доби безброј критики ова лето поради што ја прифати понудата која ја доби од Интер, клуб кој во реалност би требал да се бори со Јувенус за шампионската титула во Серија А.

Конте како легенда на „старата дама“ разочара многу фанови на Јувентус со преминот во Милано, но сега пак ги разочара тифозите на Интер, откако на вчерашната промоција на третиот дрес не одговори позитивно на нивното барање.

Навивачите на Интер ја пееја традиционалната песна „кој не скока-тој е бјанконеро (фан на Јуве)“, а понесен од корените кои го поврзуваат со италијанскиот првак, Конте не одговори онака како што посакуваа распеаните тифози.




Спонзорирани линкови

Маркетинг