Бразилска манекенка е обвинета за измама, после тврдењето дека ја силувал фудбалерот на ПСЖ, Нејмар.
Манекенката Нажила Триндејд и нејизниот поранешен сопруг Естивенс Алвес, обвинети се дека ја лажеле полицијата и се обидувале да го уценуваат фудбалерот, пренесуваат британските медиуми.
Алвес е обвинет за откривање на еротска содржина, која е објавена на интернет.
Нажила на полицијата во Сао Пауло ѝ рекла дека инцидентот се случил во мај во еден париски хотел.
Нејмар ги негирал тврдењата и рекол дека нивниот однос бил сосема нормален.
Случајот бил отфрлен кон крајот на јули, а полицијата навела дека нема докази против 27-годишниот Бразилец.
Обвинителството во Сао Пауло навело дека Нажила Триндејд не претставила ниту еден доказ (иако тврдела дека има), дека единствената повреда е забележана на нејзиниот прст и дека медицинската документација не може да докаже дека била силувана.