Првиот џип на Ферари пристигнува за три години

Точка

17/09/2019

12:29

1.512

Големина на фонт

а а а

Првиот џип во историјата на Ферари - моделот "Purosangue" ќе ја користи новата механичка платформа на која што моторот ќе биде сместен напред.

Ферари пред една година потврди дека работи на својот прв џип и истовремено го откри називот на моделот, а AutoCar сега пренесува дека тоа возило својата премиера ќе ја има во 2022-ра година.

"Purosangue" како основа ќе ја користи новата генерација на механичка платформа на Ферари која е наменета за моделите кај кои моторот е сместен напред. Како што е наведено, оваа на оваа платформа ќе може да се постават V6, V8 и V12.


Првиот џип на Ферари ќе има 4 седишта, а на купувачите ќе им биде на располагање и верзија со хибриден бензинско-електричен погонски систем како тој што го користи "SF90 Stradale". Тоа значи дека покрај бензинецот, за погонот ќе бидат задолжени и три електрични мотори, од кои два на предната, а еден на задната осовина од возилото.

И додека кај хибридната верзија најверојатно ќе биде понуден V6 турбо-бензинец, во врвот на понудата на "Purosangue" ќе биде V12 моторот.


Како што Ферари најави минатата година, иако во формата ќе потсетува на купе, џипот ќе има 5 врати, а по димензиите ќе биде нешто помал од Lamborghini Urus.

Со лансирањето на "Purosangue", од Ферари очкуваат дека за прв пат во историјата ќе ја надминат продажбата од 10 илјади автомобили годишно, а главниот пазар на овој модел ќе биде Кина.



Спонзорирани линкови

Маркетинг