Норвешкото чудо од дете и син на поранешен напаѓач на Манчестер Сити вчера влезе во историјата на Лигата на шампионите

Дерби

18/09/2019

11:41

2.203

Големина на фонт

а а а

Ерлинг Халанд важи за еден од најдобрите фудбалери на австрискиот клуб Ред Бул Салцбург. Тоа го покажа и на вчерашниот натпревар против Генк во убедливата победа на неговиот клуб од 6:2.

Халанд на натпреварот постигна хет-трик во првото полувреме, нешто што не му се случило на ниту еден фудбалер досега. Инаку Халанд стана познат на фудбалската јавност кога постигна девет погодоци во победата на младата селекција на Норвешка против Хондурас со 12:0.

Халанд е во извонредна форма и веќе на девет натпревари оваа сезона има постигнато 17 погодоци. 19 годишниот фудбалер е син на поранешниот напаѓач на Лидс Јунајтед, Нотингем Форест и Манчестер Сити, Алф-Инге Халанд и во неколку наврати изрази подготвеност да заигра во Англија, во дресот на Лидс Јунајтед.

##https://twitter.com/favourite_Pat/status/1174110103705980928##



Спонзорирани линкови

Маркетинг