Марк Закерберг: “Милијардерите не би требало да постојат”

Супермен

08/10/2019

12:42

1.065

Големина на фонт

а а а

Петтиот најбогат човек на планетата вели дека ниту една личност на светот не треба да поседува бесконечна количина на пари.

Основачот и креатор на Фејсбук се отворил пред јавноста и објаснил зошто милијардерите не треба да постојат на оваа планета. 

“Не сум сигурен како би се одредило кој заслужува колку пари, но сигурен сум дека никој не смее да има право на неограничена сума на пари како што имаат поединци, вклучувајќи ме и мене”, изјавил Закерберг и ја шокирал јавноста, објаснувајќи дека треба да постои закон кој ќе ги наградува луѓето кои прават нешто корисно или кои заработуваат пари, но мора да постои и ограничување од константниот и неограничен прилив на пари.


Марк вели дека милијардерите треба да го делат своето богатство со другите и дека тоа треба да биде озаконето. Тој со својот личен пример покажал како се прави тоа – Закерберг донирал 99% од своите Фејсбук акции. Останатото богатство кое го поседува, го користи за да ја поддржи науката, медицината и младите умови и вложува милијарди во подобра иднина.

Меѓутоа, тој додава и дека постојат поединци кои имаат и поголема количина на пари од него, а кои ништо не прават за човештвото и богатството го трошат само за деструкција и самоуживање. Марк смета дека тоа мора да се забрани и дека милијардерите и сите останати богати луѓе на планетата мора да преземат одговорност за нашата планета да биде подобро и поубаво место за живот.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk