Весна Петрушевска со емотивна порака за Тоше: „Беше ладен и дождлив октомври.. Мене барем ми беше така... Вечерва исто“

Точка

16/10/2019

16:02

1.577

Големина на фонт

а а а

Денеска навршуваат 12 години од смртта на нашата музичка икона, Тоше Проески.

Јавните личности, а и сите оние кои го обожуваа и него и неговите песни, од вчеравечер објавуваат разни содржини.

Една од нив е и актерката Весна Бејби Петрушевска, која секој 16-ти октомври ја споделува тагата која ја чувствува за нејзиниот прерано заминат пријател, а тоа го направи и вчеравечер. Имено, Весна ја објави „Кад вараш ти“ од Проески, со емотивен текст над песната. 

„Јас се сеќавам на 15-ти октомври, на оној другиот ден - беше вторник и не се сеќавам многу... зошто и би се потсетила? Но, затоа таа понеделничка вечер ме гребе... 12 години!“, започнува Весна.

„Сè ми е кристално јасно и неговиот чекор, неговата силуета како се прикрадува за да ме изненади, широката насмевка и задршката на сопственото разочарување. Ја паметам онаа силна прегратка“, пишува Весна во својата Фејбук објава.

„Кога некој ќе ми каже дека е роден 1981-ва година, таа година емотивно ме врзува само за него. Помислувам јас многу често како ќе пееше денес, на што ќе се смееше, за што ќе беше нервозен... Имам многу сеќавања со него, велат само тогаш знаеме колку сме биле, колку сме живееле и зошто да го браниме нашиот живот. Колку е сè бесмислено кога таков лик ќе исчезне преку ноќ... Вечерта е тука, утрото го нема... Беше ладен и дождлив октомври.. Мене барем ми беше така... Вечерва исто... Те сакам бескрајно и те чувам повеќе од што мислиш бејб“, вели Весна во својот емотивен статус, со кој допре до многу срца.


„Ти можеш еден роман со свилени страни да навезеш“, „Безвременски“, „Боли и ќе боли вечно“, „Непребол“, „Боли и ќе боли вечно“, се само дел од коментарите.

На објавата Весна собрала повеќе од 1500 лајкови и има преку 30 споделувања.




Спонзорирани линкови

Маркетинг