Поранешен истражувач на НАСА уверува: „Детектиравме живот на Марс пред 43 години“

Точка

21/10/2019

16:32

4.530

Големина на фонт

а а а

Глиберт Левин, главниот истражувач во експериментот на НАСА во рамките на кој на Марс биле испратени сонди „Viking“ во 1976-та година, објавил статија во научното списание „Scientific American“ тврдејќи дека резултатите од експериментот биле позитивни за доказ на живот на Црвената планета.

Експериментот бил смислен да го тестира марсовското земјиште за органска материја.

„Изгледа дека одговоривме на тоа прашање“ - вели Левин во неговата статија.

Во рамките на експериментот, „Viking“ поставил хранливи материи од примероци на Земјата на Марс. Дека постои некој облик на живот се докажало со тоа што храната се потрошила и зад себе отавила трагови од метаболизам, кои сензорите ги откриле.


За да се потврди дека се работи за биолошка реакција, тестот бил повторен. Доколку реакцијата би била измерена по првите примероци, а не по вторите тоа би значело дека во првиот тест биле направени некои биолошки реакции.

Токму тоа се случило, тврди Левин.

Меѓутоа, другите експерименти не успеале да откријат органски материјал, а НАСА не успеала да ги повтори резултатите во лабораторијата, па поради тоа биле отфрлени првите позитивни резултати, како лажно позитивни, односно изнесени биле како резултат на некоја непозната хемиска реакција наместо како присуство на вонземјански живот.


„НАСА одлучи дека пронајдената супстанца имитира живот, а не е живот. Необјасливо, 43 години подоцна по лансирањето на Викинг, ниту една друга сонда на НАСА испратена на Марс не носела инструменти за откривање на живот“ - истакнува Левин. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг