Ни Мендез ни Раиола, познат најмоќниот спортски агент во светот кој договорил трансфери во вредност од милијарда фунти

Дерби

22/10/2019

12:16

1.897

Големина на фонт

а а а

Жорге Мендеш и Мино Раиола дефинитивно се агентите кои се најпознати во светот на спортот, а истите ги претставуваат едни од најголемите светски ѕвезди како Кристијано Роналдо, Пол Погба, Хамес Родригез…

Сепак, според истражувањата, во моментов најмоќен спортски агент е Џонатан Барнет, претставникот на Герет Бејл.

Барнет преговарал трансфери во висина од над 1 милијарда фунти и е неприкосновен на врвот меѓу агентите. Освен Бејл, звучно име кое е клиент на Барнет е и Саул Нигез од Атлетико Мадрид, а во својата агенција искусниот агент има над 200 клиенти.

Скот Боарс, агент кој се занимава со бејзбол играчи е на втората позиција, додека трет и четврт се веќе споменатите Жорге Мендеш и Мино Раиола. Петката најмоќни спортски агенти ја заокружува кошаркарскиот агент, Џеф Шварц.



Спонзорирани линкови

Маркетинг