Фрустрацијата на Макрон: Париз против Скопје и Тирана, но и против самата Европска унија!

Точка

22/10/2019

13:02

3.603

Големина на фонт

а а а

Флоријан Бибер, професор на Универзитетот во Грац изјави дека не е сосема јасно што ја мотивира Франција и претседателот Емануел Макрон, да го одбие отворањето на преговори за членство на Македонија и Албанија во Европската унија.

Според Бибер, веројатно причина за ваквата одлука на официјален Париз е внатрешната политика во Европската унија.

„Мислам дека тоа е елитен скептицизам во Франција околу проширувањето, губењето на власта во Европската унија и фрустрација поради тоа што францускиот кандидат за Европската комисија не е потврден на сослушувањето во Европскиот парламент“, изјави Бибер за “360 Степени“.


Тој оцени дека моментално постои чувство на фрустрација во Европската унија, па затоа Макрон се свртел против Македонија и Албанија.

„Гледаме критики на Макрон кон владите на Македонија и Албанија, но многу повеќе критики кон Европската унија и неговите партнери во Унијата“, изјави Бибер.

Запрашан кое не неговото мислење за идејата на Макрон сите земји кандидати да не завршат како полноправни членки на Европската унија, туку да се размислува за некој вид на „привилегирано партнерство“, Флоријан смета дека францускиот претседател нема поддршка за таквата идеја.



„Мислам дека е осамен во тоа. Мислам дека ова не е еден вид на долгорочна визија, па се сомневам дека Франција ќе успее да ги наметне тие привилегирани партнерства. Попродуктивно е да се каже дека проширувањето ќе трае долго, подолго од тоа што се надевавме. Па дури и се да беше добро, Македонија нема да е приклучи на Европската унија во следните 10 години“, изјави Бибер кој додава дека е свесен дека тоа е фрустрирачки.

Според Бибер, Ангела Меркел и Германија се залагале за доделување на датум за преговори за Македонија и Албанија, но за истото се залагале и голем број на земји.

„Не само Германија, туку и голем број на земји членки го поддржаа проширувањето, посебно отворањето на преговорите со Европската унија“, изјави Бибер кој смета дека е охрабрувачки тоа што бројни земји им се спротиставиле на Французите и се залагаат за проширување.



Спонзорирани линкови

Маркетинг