Приредил вистинско шоу: Алек Болдвин се соблекол по гаќи сред емисија за да покаже колку ослабнал

Супермен

22/10/2019

14:02

3.124

Големина на фонт

а а а

61-годишната холивудска ѕвезда Алек Болдвин гостувал во емисијата на Џими Фалон, каде го претставил новиот филм “Motherless Brooklyn” кој премиерно треба да биде прикажан на први ноември.

Филмот е во режија на Едвард Нортон, а Болдвин изјавил дека е презадоволен од резултатот. 

“Станува збор за одлична драма, а Едвард одлично ја заврши својата работа”, истакнал актерот во емисијата, а потоа на ред дошла темата за килограмите.

Алек сакал да се пофали со новата линија на која напорно работел, па го демонстрирал тоа така што сред емисија станал од фотелјата, ги соблекол панталоните и останал само по боксерици.


“Не ми верувате дека ослабнав? Сега ќе ви покажам! Дали сте спремни?”, прашал Болдвин пред да ги покаже нозете, а водителот се обидел да го прекрие неговиот полов орган со реквизит кој го имал во рацете.

“Не се обидувај, тоа не е доволно големо за да прекрие сè”, се пошегувал Алек и додал дека панталоните му паѓаат од што е слаб.


Актерот инаку го чека петтото дете со 35-годишната сопруга Хиларија Болдвин.

Погледнете како изгледало тоа:


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk