Новинар тајно се вработил во фабрика на "iPhone": "Повеќе личи на затвор отколку на фабрика"

Точка

22/10/2019

22:24

8.947

Големина на фонт

а а а

Кинескиот студент од Њујорк, Деијан Зенг, го минал минатото лето на тајна работа во фабрика на iPhone во Кина. Зенг бил на тајна задача и открил зошто производството на популарниот модел на телефон нема да се врати во САД.

Работел шест недели, работејќи воглавно ноќни смени од 12 часот, секој ден освен недела, во фабриката на компанијата "Pegatron", еден од производните партнери на гигантот "Apple". Работата му се состоела од рачно вградување на делови во мобилните телефони. 

За тоа имал необична причина: истражување кое заедно го спроведуваат Универзитетот во Њујорк и здружението "China's Labor Watch".

До истражувањето дошло откако здружението во Кина, "Надзор на работата во Кина", имало сознанија дека би можело да дојде до бунт на работните поради условите за работа во фабриката.

По враќањето во САД, Зенг во интервју за CNBC ги пренел своите искуства.

А на тамел на тоа искуство се заклучува дека, и покрај плановите на претседателот на САД, Доналд Трамп, практично е невозможно американските работници да го преземат производството на iPhone и слични електронски уреди.

А како воопшто ја добил работата во кинеската фабрика?

"Само се појавив. Ми дадоа адреса на фабриката и отидов таму. Кога дојдов, видов луѓе како стојат со багаж во долг ред, па застанав во редот. Кога дојдов на ред, ме прашаа за лична карта, да им ги покажам рацете и да им ја изрецитирам англиската абецеда. После тоа влегов. Ми требаа помалку од 30 секунди. Не треба формално да се пријавите за работа, ниту да имате било какви вештини", вели Зенг, кој додал:

"Во фабриката добивав плата 3.100 јуани и 450 долари".

Зенг смета дека е невозможно ваков режим на работа да се примени во САД, бидејќи ниеден американски работник не би прифатил да работи за таква плата.

Според некои снимки, направени од оваа фабрика, нејзиниот екстериер повеќе потсетува на затвор отколку на фабрика, окружен со мрежи кои би спречиле самоубиства на работниците.

Меѓутоа, многумина сметаат дека самото тоа што Кина станува се помоќна економски, наскоро ваквите работни места ќе бидат неприфатливи, што ќе бара пренесување на производството на гигантите каде повеќе ќе се исплати.



Спонзорирани линкови

Маркетинг