[ВИДЕО] Прва снимка од местото на страшната несреќа на Октоберфест: Србин загинал на начин од кој се леди крвта: Гондола го згмечила, полицијата сè блокирала

Точка

22/09/2026

10:05

2.530

Големина на фонт

а а а

Според наводите на германската полиција, 52-годишен државјанин на Србија, кој работел како обезбедување, се здобил со повреди опасни по живот на Октоберфестот, кога го згмечила една од атракциите. На самото место му била извршена реанимација, а потоа бил пренесен во болница во Минхен, каде што починал.

Несреќата се случила на атракцијата „Хенговер“ (Hangover), кула за слободен пад висока околу 80 метри, пренесе „блиц.рс“.

Просторот околу „Хенговер“ бил блокиран поради големата интервенција на итните служби. Тимот за кризна интервенција им пружил поддршка на очевидците, а криминалистичката полиција спроведува истрага.

Прелиминарните податоци укажуваат дека се наоѓал на место каде што не смеел да биде. Таму, според сè изгледа, го удрила и приклештила гондола додека со голема брзина се спуштала надолу со патници.

Втор инцидент за само неколку дена

Трагедијата со смртен исход се случила само неколку дена по уште еден инцидент на Октоберфестот.

Во саботата навечер, патниците на еден од каруселите останале заглавени околу две минути, при што биле свртени наопаку, пред да бидат ослободени.

Како можна причина за тогашниот дефект бил наведен неисправен сензор. По дополнителниот преглед што го извршил „TÜV“, атракцијата истата вечер повторно добила дозвола за работа.