Невил посочи каков напаѓач сака Солскјер: Не сака напаѓач како Лукаку или Диего Коста, тој сака…

Дерби

22/10/2019

15:40

2.200

Големина на фонт

а а а

Манчестер Јунајтед е во потрага по нов напаѓач кој треба да го подигне нивото на игра во јануари, а веќе следното лето веројатно ќе донесе уште еден напаѓач за дополнително зацврстување на навалната линија.

„Ѓаволите“ се ослободија од Ромелу ЛУкаку ова лето притоа не донесоа негова замена, па јасно е дека во јануари примарна цел ќе биде ангажман на напаѓач.

Според Гери Невил, Солскјер не планира да носи напаѓач од типот на Лукаку, кој може да игра само во срцето на шеснаесетникот, и ќе се обиде да ангажира фудбалер кој е многу поподвижен и мобилен, нешто слично како Роберто Фирмино.

– Го гледав Фирмино кога прв пат дојде во Англија, го гледав Салах кога дојде во Челси, а го гледав и Мане. Мислам дека Манчестер Јунајтед сака напаѓач како Фирмино, или како Сон од Тотенхем. Таков тип на фудбалер. Не мислам дека Оле сака типичен напаѓач како Лукаку или Диего Коста, не верувам дека ќе бара таков тип нанапаѓач на пазарот. Овој клуб отсекогаш имал напаѓачи кои може да играат во парови, кои ќе дадат придонес и без топка. Ќе направам паралела со Руд ван Нистелрој. Освоивме помалку првенства со него како напаѓач, потоа го донесовме Луис Саха да биде партнер на Вејн Руни. Саха ни од блиску не беше добар финишер како Руд, добар напаѓач како Руд, но тимот стана подобар. И тоа ми е поентата, не мислам дека Оле сака таков напаѓач како Руд, мислам дека сака многу помобилен и поподвижен напаѓач, - истакна Невил.



Спонзорирани линкови

Маркетинг