Ја воодушеви публиката со својот глас и стас - Шер без разлика на нејзините години настапи во провокативен костим

Точка

22/10/2019

18:47

2.261

Големина на фонт

а а а

Шер одржа два концерти во Лондонската арена О2 во свој неповторлив стил. Таа е жива легенда на музичката сцена и одржа такви настапи што публиката ќе ги памети до крајот на својот живот.

Спуштајќи се до долу, целата облечена во светкави костими, 73-годишната пејачка најави вистински спектакл. На сцената била придружена со мажи и жени кои биле облечени во старогрчки стил и таа покажала зошто е еден од најдобрите вокали на сите времиња.

Сменила осум перики, а својот настап го започнала во син костим.

Се пошегувала на своја сметка дека не знае дали луѓето во публиката ѝ аплаудираат затоа што сè уште е жива или затоа што може да биде облечена во таков костим.

Без оглед на причината, сепак публиката била воодушевена од тоа колкава енергија има таа и колку и понатаму дава сè за неа.




Спонзорирани линкови

Маркетинг