Томислав Јотовски - македонски тенисер со светска слава

Точка

04/11/2019

11:51

9.929

Големина на фонт

а а а

Од 8 години во секоја категорија 8/10/12/14/16/18 е првак. До 16 години трет во цела Европа од 1.000 деца, а до 18 години 76-ти. Има играно на јуниорските Ролан Гарос и Вимблдон. Има освоено АТП титула во Грузија со награден фонд од 15.000$ во сингл категорија и одиграно многу финалиња во дабл конкуренција каде освоил 6 титули.

Најдобар ранкинг на АТП листата во сингл категорија му е 510 место. А предизвикот му е да одигра Грен слем и да влезе меѓу првите 300. Со овие резултати може да се пофали Томислав Јотовски, а Македонија да биде горда што има ваков млад, а истраен тенисер со видни резултати. Претпоставувам веќе сте љубопитни и одблиску да го запознаете...

Од колку години тренираш тенис, на колку замина во странство и каде?

- Тенис тренирам од 7 годишна воззраст, почнав во тенискиот клуб „Интер фалко“ така се викаше на времето денешен тенис парк или „Хотел Русија“. Тренирав во Скопје некои 6/7 години. Кога почнав попрофесионално да го сфаќам тенисот, тогаш добив добра понуда од Чиле Сантиаго и заминав таму на 4 години престој и ангажман.

Што те привлекува во овој спорт да бидеш истраен и до ден-денес да тренираш?

- Тенисот ме привлекува затоа што се зависи од тебе. Премногу патувања, запознавање многу луѓе од сите земји и не би можел без тенис ниту еден ден.

Кои се твоите позначајни успеси?

- Од мала возраст веќе од 8 години во секоја категорија 8/10/12/14/16/18 бев првак. До 16 години бев трети во цела Европа од 1000 деца. До 18 години завршив 76-ти. Ги имам изиграно јуниорските Ролан Гарос и Вимблдон. На АТП имам освоено титула сингл во Грузија 15.000$ многу финалиња и во дабл конкуренција имам освоено 6 титули. Најдобар ранк на АТП 510 Сингл.

Имаш ли омилен тенисер?

- Омилен тенисер отсекогаш ми бил Џоковиќ, поради неговата дисциплина, професионалност, борба за секој поен.

Кој ти е предизвикот во кариерата?

- Предизвикот ми е да одиграм Гранд слам и да влезам мегу први 300.

Важи за мошне скап спорт, колку скап колку чинат месечно тренинзите?

-Тенисот мислам дека е најскапиот спорт. Од терен, тренер, кондициски тренер, физиотерапевт, авионски карти за мене, тренерот, хотел, храна, опрема, рекети, шпан и така, многу работи. Од 2000 евра, па нагоре месечни трошоци.

Во Чиле живееше најдолго. Што ти се допаѓаше најмногу таму?

- Во Чиле ми се допагаше што луѓето се многу позитивни сите се среќни, никој нема да се пожали за ништо.


Што ти сметаше?

- Што е многу далеку од Македонија ха

Сега каде тренираш, за кој играш?

- Моментално тренирам во Белград, имам таму свој тим составено, па се надевам на добри резултати.

Ти недостасуваше ли смеејството сите овие години?

- Да секако ми недостасуваа, ама тоа е дел од работата, мора да си ментално многу јак и да се жртвуваш целосно за тенисот.

Би се вратил ли во Македонија?

- Да, сепак дома си е дома.

(А.В.)