Најновото истражување ги открива причините поради кои мажите се полоши возачи од жените

Супермен

08/11/2019

13:29

696

Големина на фонт

а а а

Жените веќе со децении имаат репутација на лоши возачи, но новото истражување дошло до сосема поинаков заклучок.

Судејќи по резултатите од истражувањето кое го спровел еден сајт за споредување на автомобилски осигурувања, жените всушност прават помали сообраќајни прекршоци, почесто се придржуваат до законот и учествуваат во помалку сообраќајни несреќи. 

Всушност, кога станува збор за сообраќајните прекршоци, мажите ги надвладуваат жените во однос 4:1. Само 21 отсто од жените го прекршиле законот, во споредба со 79 отсто од мажите.

Помеѓу најчестите прекршоци се нашле прекумерната брзина (24 отсто) и возењето без осигурување (17 отсто).


Мажите, како што вели истражувањето, имаат и значително полоши возачки навики. Речиси секој четврт маж (23 отсто) признал дека не користи трепкачи кога менува лента, а истото го прават само 17 отсто од жените. Кога станува збор за отштетите, мажите испраќаат барања до осигурителните компании речиси двојно почесто и нивните барања се значително поскапи од оние кои ги испраќаат жените.

Со други зборови – жените се подобри возачи од мажите, но има неколку категории во кои мажите биле подобри од припадничките на понежниот пол.

Имено, истражувањето покажало мажите се оние кои почесто го положуваат возачкиот испит од прв обид, помалку јадат во автомобилите и поретко возат босоноги во споредба со жените.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk