Актерката со која пораснаа голем број генерации и која беше дел од легендарното актерско дуо Колозови – Шенка Колозова, во интервју за Бекстејџ зборувала за работите со кои сега се занимава, за животот по смртта на сопругот Ѓорѓи...
По бројните претстави за возрасни и за деца кои ги играла низ цела Македонија, Шенка решила да се повлече од актерството:
“Пред две години реков: “Мене ми е доста, не можам веќе” и затоа прифатив да бидам зад сцената”, изјавила таа и додала дека го користи слободното време за одмор во старата куќа во едно охридско село.
За смртта на сопругот Ѓорѓи Колозов раскажала дека жали што тој не е тука за да се радува на одредени моменти, но и признала дека со текот на времето ѝ е сè потешко:
“Има моменти што знам колку многу ги сакал и ден-денес ми е тешко што не може да го доживее тоа. Секогаш велат “Леле, ти ..греота...” – не сум јас за греота, јас сум тука и живеам – не сум за жалење, него го нема”.
За сè помалиот број на емисии од културен калибар, за “Македонски народни приказни”, начинот на работа и многу друго, погледнете од интервјуто во продолжение: