Банкротот не е крај за Џејми Оливер - тој отвора нов ланец на ресторани

Супермен

20/11/2019

17:44

2.074

Големина на фонт

а а а

Популарниот готвач Џејми Оливер почнал со отворање на нов ланец ресторани само шест месеци откако неговата компанија банкротираше. Два нови ресторани во југоисточна Азија, на Бали и во Бангкок.

Новиот ланец кој ќе биде во средната класа ќе се вика “Jamie Oliver Kitchen“ и делумно ќе биде инспириран од локалната кујна.

“Jamie Oliver Group“ која управува со 70 ресторани на 27 пазари ќе го отвори ресторанот “Jamie Oliver Kitchen“ на 21-ви ноември на Бали и 28-ми ноември во Бангкок. Групата планира да отвори уште 19 ресторани пред крајот на наредната година.


Оливер во месец мај објави дека неговата компанија во Велика Британија оди во стечај. Групата вклучува ланец на италијански ресторани. Пред неговиот ланец на ресторани во Велика Британија да замине во стечај, Оливер заработи милиони фунти со неговата работа само минатата година.


Сепак, на крајот го призна поразот преку нешто кое го нарече како “совршено невреме“ односно комбинација од растот на рентата, платата, трошоците на набавките на храна и последиците од Брегзит. 


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk