Момците од групата „2BE“, во последно време пријатно ја изненадуваат јавноста. Чекор по чекор се пробиваат низ морето на нови македонски уметници и ги освојуваат срцата на девојките.
Скромни, талентирани, успешни... Ова се трите епитети кои целосно ги опишуваат Љупче, Тино и Синиша.
Вчеравечер во 18 часот ја објавија нивната втора песна „Врати се“, која вокално ја исполнува Љупче, а Тино и Синиша се одговорни за остатокoт од песната да звучи беспрекорно.
Инаку, „2BE“ е бендот на Струмичанката Александра Јанева, која на сите почитувачи на македонската музика им е добро позната.
Сепак, покрај настапите со Јанева, ова трио често самостојно настапува во кафулињата ширум земјава, па обожавателите на секој настап се зголемуваат.