Видео: Избувна пожар во зградата на “Хипериум” во Карпош, вработените од центарот се евакуирани

Точка

17/12/2019

14:58

4.081

Големина на фонт

а а а

Денеска избувна пожар во зградата на деловниот центар “Хипериум” во Карпош.

Причината за пожарот била трафостаница на ниво минус два, на место за паркирање, при што веднаш се вклучил алармот, а вработените од зградата биле евакуирани. 


“Пожарот е изгаснат, на паркингот работат екипи на ЕВН. Пожарот избил најверојатно од преголем напон на трафостаницата. Вработените почнаа да се враќаат во зградата, но во објектот сè уште нема електрична енергија”, изјавил Владимир Симоновски, командант на скопската противпожарна бригада.

Во гаснењето на пожарот учествувале пет возила на противпожарната бригада, пренесува “А1он”. Во пожарот нема повредени.