„Морничаво е кога ќе помислам дека сето тоа беше поради пуканка“: Татко на три деца едвај спасил жива глава

Точка

13/01/2020

14:00

5.811

Големина на фонт

а а а

Прво мислел дека има грип... Пожарникарот Адам Мартин добил ендокардитис - воспаление на внатрешниот слој на срцето и срцевите залистоци бидејќи лушпа од пуканки му се заглавила меѓу забите и никако не можел да успее да ја извади, пренесуваат од „LADBible.com“.

Причината за инфективниот ендокардитис се бактериите кои можат да се најдат во устата, а кои по пат на крвотокот влегуваат во организмот и можат да го оштетат срцето.

Адам вели дека се сеќава како три денови ја помрднувал вилицата само за да успее да ја извади заглавената лушпа од пуканки од своите заби.

Таткото на три деца мислел дека има грип. Отишол на доктор по општа медицина кој го испратил на рентген и испитување на крвта. Се вратил дома да одмара, но многу денови подоцна не се чувствувал подобро.

##https://twitter.com/FikoR87/status/1214885332061237248##

„Имав чувство дека нешто не е во ред. Спиев многу и се чувствивав многу лошо. Имав болки во нозете. Примен бев во болница неколку денови на испитувања и бев многу загрижен“.

„Се докажа дека болката во нозете е предизвикана од инфекција, а отстранувањето траеше пет часа. Ми дадоа лекови за инфекција, но истражувањата покажаа дека срцето ми е многу оштетено и дека потребно ќе биде да ми прават операција“.

„Не сакам било кој да го помине ова низ кое поминав јас. Сè се случи многу брзо. Морничаво е кога ќе помислам дека сето тоа беше поради пуканка“.

За среќа, Адам брзо закрепнал. Во октомври 2019-та година бил опериран, а сега е во својот дом со својата сопруга и трите деца. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг