[ФОТО] Елеганција, убавина и вкус: Познатата актерка на 53 години совршено го понесе впечатливиот фустан од сатен

Точка

26/04/2024

21:00

5.005

Големина на фонт

а а а

Популарната актерка на 53 години била облечена во прекрасен сатенски фустан, па успеала да го привлече сето внимание на синоќешната свеченост.

Ума Турман изгледала сензационално, кога им се придружила на ѕвездите од А-листата на овогодишната „Time 100“ гала свеченост во Њујорк.


Ѕвездата од филмовите „Pulp Fiction“ која неодамна прославила 30-годишнина од филмот во режија на Квентин Тарантино, на црвениот тепих се појавила во впечатлив, виолетов, сатенски фустан.

Фустанот без ракави којшто се протегал до подот, бил тесен во струкот и содржел соодветно парче ткаенина кое било префрлено над едно од рамениците на Ума.


Таа носела и златни високи потпетици кои биле искомбинирани со останатите златни детали кои ги носела актерката на себе.

Нејзината руса коса била обликувана во елегантна пунџа, што ѝ овозможило да ги покаже и сјајните, златни обетки.

Мајката на три деца исто така носела и златни алки на двете дланки.

Турман се фотографирала заедно со милијардерот и инвеститор Кристијан Ангермаер којшто ѝ е добар пријател.

Дуа Липа, Америка Ферера, Тараи П. Хенсон и Елиот Пејџ ги предводеле познатите личности на листата „Time 100“ за 2024 година.


Турман славно ја одиграла улогата на сопругата на мафијашкиот бос, Миа во ремек-делото на Квентин Тарантино од 1994 година.

Нејзината изведба ѝ донесе номинација за Оскар за најдобра споредна женска улога.




Спонзорирани линкови

Маркетинг