Борис Џонсон сака да симне некој килограм: „Сакав да бидам веган, но не можам да се откажам од...“

Супермен

14/01/2020

12:01

2.055

Големина на фонт

а а а

Британскиот премиер, Борис Џонсон, денеска рекол дека сака да ослабне во 2020-та година, но дека сепак нема да стане веган, бидејќи тоа би барало голема концентрација и би значело дека мора да се откаже од кашкавал, а не сака.

„Размислував да станам веган во јануари, но тоа би барало премногу концентрација. Му симнувам капа на секој веган кој го може тоа“, рекол Џонсон во интервју за BBC, признавајќи дека оваа година сака да изгуби некој килограм.

##https://twitter.com/robinnlcc/status/1217004494195740673##

Џонсон признава и дека не би можел да се откаже од кашкавал.

„Не можете да јадете кашкавал ако сте веган. Тоа е злосторство кон...кашкавалите“, рекол Џонсон. 


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk