Го нарекуваат “човечка змија“: Џаганат има 10 години и крлушки по целото тело

Точка

14/01/2020

14:30

3.415

Големина на фонт

а а а

10-годишното дете Џаганат од Индија е “човечка змија“ затоа што кожата му е покриена со црни крлушки.

Крлушките се последица на ретка и неизлечива болест - лемеларна ихтиоза, кожно заболување каде што мртвите ќелии на кожата отпаѓаат брзо поради што кожата на Џаганат константно е сува и наводно мора секој час да се капе и да ја мачка со крема за да ги ублажи болките.

Кожата на ова дете некогаш е толку многу затегната и болна што тоа не може да оди. Неговиот татко кој работи како сезонски работник, за „Daily Mail“ вели дека не може да ги купува лековите за своето дете.


Ламеларната ихтиоза се појавува еднаш во 200.000 случаеви, а ја предизвикува ген кој или ја забрзува или ја успорува регенерацијата на кожата.

И во двата случаи доаѓа до создавање груба кожа налик на крлушки.

Лек за ова заболување нема, а кожата останува груба во текот на целиот живот. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг