Хари докажа дека не го сака протоколот и кога се опи на Хвар

Супермен

14/01/2020

16:55

2.540

Големина на фонт

а а а

Принцот Хари никогаш не сокриваше дека кралските должности му се здодевни, а од тинејџерските денови е познат како принц кој најмногу од сè сака да се забавува.

Неговите забави со себе ги донесоа и дел од најголемите скандали на кралското семејство, но имало и забави за кои медиумите не реагирале бурно.

Една таква забава Хари имал во 2011-та година на Хвар. Принцот тогаш е снимен во еден познат клуб додека се забавува со друштвото, а испливала и снимка на која танцува на “Billie Jean“ од Мајкл Џексон. Хари подоцна скокнал и во базен, а сведоците тврдат дека одлично се забавувал и дека многу испил.

Наводно неколкупати ги честел и гостите во клубот. 


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk