Лесно е да бидеш непристоен: Твитер сака токму тоа да го спречи со новите опции

Точка

14/01/2020

17:25

373

Големина на фонт

а а а

Твитер планира да објави нова функција, која на корисниците ќе им олесни да го намалат бројот на нападни, навредливи или токсични одговори на нивните твитови.

Компанијата ова го објавила за време на „CES 2020“ саемот. Покрај ограничувањето за тоа на кого му е овозможено да остава одговори, Твитер ќе овозможи и комплетно блокирање на одговори на некои твитови.

За време на првото тромесечие оваа година, Твитер ќе почне со тестирање на новата функција на која ќе додаде контрола над одговорите директно во рамката на прозорецот за креирање на одговорот.


Корисниците ќе имаат опција твитот да го обележат како изјава, а тоа значи дека никој нема да може да одговори на таков твит.

Исто така, корисниците ќе можат да го ограничат одговарањето само на оние кои се споменати во твитот и луѓето кои корисникот ги следи.

После тестирањето, во текот на годинава ќе биде овозможена оваа опција. 


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk