Хаваријата на Фернандо Алонсо: Возилото се превртело двапати, а потоа ги шокирал сите кои гледале

Супермен

16/01/2020

17:10

4.211

Големина на фонт

а а а

Некогашниот шампион на Формула 1, Фернандо Алонсо од скоро е возач на Дакар рели, на кој неодамна имаше несреќа која го шокираше целиот свет.

Како и сите кои се наоѓаа во близина на истата, фоторепортери и членови на тимот кои притрчале да му помогнат на Алонсо - што не било потребно.

Излегувајќи на врвот од брдото, во моментот кога требало да се спушти, Алонсо изгубил контрола над рели возилото и се превртел двапати.

Видно оштетеното возило потоа запрело, а членовите на тимот притрчале да му помогнат на Шпанецот.

Меѓутоа, неколку секунди подоцна Фернандо Алонсо успеал повторно да го покрене возилото и да продолжи по својот пат. 


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk