Познато кој ќе му се спротивстави на Трамп: Демократите имаат свој фаворит, а многумина сметаат дека неговите идеи се радикални

Точка

20/01/2020

18:19

2.775

Големина на фонт

а а а

Тој води во трката за демократски кандидат кој оваа година ќе се соочи со Трамп на претседателските избори.

Американскиот сенатор Берни Сандерс одлично напредува во претседателската трка, односно во трката за демократска номинација.

Резултатите на новата Reuters/Ipsos анкета на национално ниво откриваат како Сандерс веќе го стигнал Џо Бајден па дури и го престигнал.

Околу 20 отсто од испитаниците рекле дека повеќе го поддржуваат Сандерс наместо останатите 11 кандидати од Демократскта партија.

На второто место се наоѓа Џо Бајден за кој гласале 19 отсто од испитаниците. Со поддршка од 12 отсто на третото место е сенаторката Елизабет Ворен додека пак на четвртото место е тајкунот Мајкл Блумберг со поддршка од 9 отсто.

Да ве потсетиме дека службениот кандидат на Демократската партија за претседател ќе биде познат по конвенцијата на Демократската партија која се ќе се одржи на средината на месец јули.

Сандерс и Ворен одредено време биле изедначени, но нејзината популарност почнала нагло да опаѓа.

Многумин се прашуваат дали Демократската партија ќе има сила да го именува Сандерс за претседателски кандидат доколку остане на врвот.

Неговите левичарски ставови иако се радикални, предизвикуваат паника во некои од круговите (каде што тие негови ставови се сметаат и тоа како за радикални). 



Спонзорирани линкови

Маркетинг