“Морам да го додадам ова на својот Тиндер профил”: Целиот свет зборува за шегата на холивудскиот убавец

Точка

20/01/2020

16:28

4.476

Големина на фонт

а а а

Холивудскиот актер Бред Пит вчера освои уште една награда – САГ награда за споредна улога во филмот “Once Upon A Time In Hollywood”, а освен за средбата со поранешната сопруга Џенифер Анистон, се зборува и за неговиот говор.

Неодамна освои и Златен глобус, а она што насмеа многумина е што, во текот на своето обраќање, Бред рекол дека мора да го освежи својот Тиндер профил и да додаде уште една награда. Целата сала започнала да се смее, а на интернет се споделува видео од реакцијата на актерката Марго Роби и поранешната сопруга, Џенифер Анистон. 

##https://twitter.com/robbiefilms/status/1219072593556398080##

“Морам да го додадам ова на својот профил на Тиндер”, рекол Пит во својот говор и не издржал, а да не ја спомене својата сега веќе поранешна сопруга Анџелина Џоли.

Актерот во говорот им се заблагодарил и на колегите со кои глумел во филмот на Тарантино.

“Ви благодарам браќа и сестри, оваа награда многу ми значи. Сакам да знаете дека ги гледав сите номинирани филмови и сите се прекрасни. Соработував со прекрасни луѓе на овој филм. Да се разбереме, улогата беше тешка – лик кој се дрогира, ја соблекува маицата, не се сложува со сопругата...”, рекол Бред Пит и повторно ја насмеал целата сала.

“Запознав голем број неверојатни луѓе. Сите во оваа соба го знаат чувството на болка и самотија и го пренесуваме тоа на екраните”, рекол актерот и додал дека е веќе 30 години на филмското платно и дека не знае зошто некои филмови некогаш се признаени, а други не.




Спонзорирани линкови

Маркетинг