Хорор во Париз! Момче од Србија истепано во училиште: Го удирале и шутирале бидејќи не сакал да го извади ланчето со крст...

Точка

20/01/2020

17:14

6.111

Големина на фонт

а а а

12-годишно момче со српско потекло брутално е истепано во Париз, бидејќи одбило да го извади ланчето со крст.

Според францускиот сајт „Сите Срби во Париз“, нападот се случил во вторникот, во училиштето „Marx Dormoy“, во 18-от париски арондисман. Детето, чиј идентитет не се наведува, во дворот на училиштето било нападнато од 5 други деца на возраст од 11 години.

Иако ланчето на момчето било под облеката, децата барале да го извади, а тој одбил. Потоа го нападнале, го турнале на земја и почнале да го удираат и да го шутираат каде стигнат. Момчето се здобило со повреди на главата и гениталиите.

Тоа малтретирање траело некое време, додека учениците не почнале да бараат помош. Родителите велат дека поднеле пријава во полиција, но додаваат дека синот им е истрауматизиран и дека има сериозни повреди - и психолошки и физички. Овој дел од Париз е познат по тоа што во него живеат жители од различно потекло. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг