Марија Шерифовиќ со години не беше во добри односи со татко ѝ: „Ќерка ми ме спаси да не замрзнам на улица“

Точка

20/01/2020

20:26

4.370

Големина на фонт

а а а

Марија Шерифовиќ ретко зборува за приватниот живот, а особено за таткото Рајко, со кој долго не беше во добри односи.

Рајко после бурниот однос сфатил дека неговата ќерка му посакува сè најдобро, па се смириле, а тој признал дека Марија му го исплаќа станот.


„Мара ми помага да преживам, ми го плаќа станот. Ќерка ми ме спаси да не замрзнам на улица, знаете какви се зимите сега, а не можев вечно да останам кај брат ми. Да не ме спасеше Марија и да не ми изнајмеше стан, ќе останев на улица. Ме издржува, а тоа ќе трае сè додека не ја средиме документацијата околу таа куќа. Но, што се однесува до мене, сè е под контрола. Знаете, јас сум сам, но коректно е колку ми дава. Не ми треба многу за живот. Ми го плаќа станот и ми дава некој денар за секојдневни потреби“, рекол таткото на Шерифовиќ, а кога пејачката во една прилика ја прашале дали е таа виновна за смирувањето на мајката Верица и Рајко, кратко одговорила: „Апсолутно!“




Спонзорирани линкови

Маркетинг