Зошто Гвинет Палтроу пробала дрога: „Користев екстази како терапија!“

Точка

20/01/2020

21:52

3.522

Големина на фонт

а а а

Актерката пред крајот на кариерата признава дека пробала MDMA за да се ослободи од трауматските искуства од минатото.

Гвинет Палтроу открила дека користела синтетичка дрога MDMA како „терапија за своето болно и трауматско детство“.

Откако го шокираше светот кога неодамна започна со продажба на миризливи свеќи, актерката решила целосно да се отвори. Како што вели, поради трауматските моменти од минатото, се одлучила за необична терапија - терапија со дрога, а главна поддршка во тоа ѝ бил вториот сопруг, продуцентот Бред Фалчук.

„Пораснав во ера каде што сè беше подредено на мажот. Се трудев да изгледам убаво и сè да правам за мажите. Ја загубив својата секусалност, престанав да уживам“, рекла таа.


За да се ослободи од лошите искуства, Гвинет одлучила да се опушти со помош на синтетичка дрога, а покрај неа, постојано бил сопругот.

„Тоа беше пред неколку години. Бред и јас уште се забавувавме, не бевме во брак. Беше многу емотивно тоа консумирање дрога, всушност. Мислам дека тоа ми помогна“, рекла Гвинет.

MDMA е познато и како екстаза, дериват е на амфетаминот и многу психоактивно средство.

Да потсетиме, актерката била во брак со фронтменот на групата „Колдплеј“, Крис Мартин од 2003-та до 2014-та година и со него има две деца. После разводот, таа го запознала Бред, за кој се венчала во 2018-та година. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг