Бразилската фудбалска суперѕвезда Нејмар објави среде Светското првенство дека по петти пат ќе стане татко, бидејќи неговата сопруга Бруна Бјанкарди повторно е бремена.
Нејмар и Бруна го очекуваат своето трето заедничко дете, додека Нејмар од претходно има уште две деца. Потврди дека Бруна ќе роди уште едно девојче.
„Ќе полудам. Ќе основам бенд, од денес ќе се вика „Spice Girls““, се пошегува Нејмар во објавата на овие радосни вести што ги сподели со обожавателите на Инстаграм.
Во објавата парот се појавува со своите две ќерки, двегодишната Мави и 11-месечната Мел. Во видеото е и 14-годишниот син на Нејмар, Дави Лука, кого го доби со инфлуенсерката Карол Дантас.
Нејмар ја има и ќерката Хелена од врската со Аманда Кимберли. Хелена е родена во време кога Нејмар веќе бил во врска со Бјанкарди, што предизвикало привремен прекин на оваа двојка. Сепак, тие се смириле неколку месеци подоцна, а потоа и се венчале.
Да потсетиме, повикот на Нејмар во репрезентацијата на Бразил за Светското првенство предизвика најмногу реакции во јавноста, која вршеше голем притисок врз селекторот Карло Анчелоти да ја вклучи ѕвездата на списокот.
Во моментов Нејмар е повреден и го пропушти првиот натпревар против Мароко. Денес тој извршил нови прегледи, а сè уште е неизвесно дали и кога ќе заигра.
Бразил следниот натпревар на Мундијалот го игра во ноќта меѓу петок и сабота од 02:30 часот против Хаити.








