Внимателно со спрејовите за нос – можат да ја оштетат слузницата и да предизвикаат зависност

Точка

21/01/2020

11:58

2.276

Големина на фонт

а а а

Спрејовите за нос не се опојни како дрогата и алкохолот, но можат да предизвикаат зависност, предупредуваат експертите.

Спрејовите за нос ги стеснуваат крвните садови во носот и синусите, што го намалува отокот и го ослободува затнатиот нос. 

Меѓутоа, доколку редовно се користат, носот може послабо да реагира на лекувањето поради што често ќе се посегнува по поголеми количини, вели д-р Урсула Селерберг, гласноговорничка на германската фармацевтска комора (BAK).


Затнатоста на носот може да се влоши доколку се престане со користењето на спрејови, што е познато како бумеранг ефект. Но, нивната прекумерна употреба може да ги оштети слузницата и чувството за мирис, потенцијално и вкус, вели Селерберг.

Тоа може да се спречи така што спрејовите треба да се користат 5 до 7 дена по ред. Доколку носот остане затнат, се препорачува користење на физиолошки спреј за нос кој не претставува ризик за зависност.



Спонзорирани линкови

Маркетинг