Модниот бренд Зара исмеан од јавноста поради бизарната реклама: “Што е ова?”

Точка

21/01/2020

13:28

2.537

Големина на фонт

а а а

Шпанскиот ланец на улична мода Зара претстави најнови парчиња џинс во својата онлајн продавница, а необичната презентација на производите предизвика потсмев од јавноста.

Имено, наместо да ангажираат манекени за рекламата, креативниот тим на Зара одбрал да ја постави облеката пред платно и така да ја фотографира. Со тоа, парчињата џинс изгледаат како да лебдат во воздухот и дека се дизајнирани за невидлив човек, а интересно е што секој модел на панталони е искомбиниран со тренди чевли. 

Промо фотографиите претставени на нивниот сајт предизвикале лавина коментари и осуди на сметка на нивната одлука да ја претстават колекцијата на ваков начин.

“Одлучиле да го направат ова бидејќи е поевтино. Не сакаат да плаќаат модели”, напишал еден корисник на интернет.


“Зара всушност има добри парчиња облека, но сајтот им е ужасен. Што е ова?”, се пожалила една корисничка на Твитер.

Покрај тоа што промотивните фотографии изгледаат чудно бидејќи на нив нема модели, многумина се пожалиле дека на овој начин не можат да добијат вистински увид во производот кој сакаат да го купат. Фармерките се искривени и не се гледа кројот и обликот, така што купувачот не може да види како изгледаат кога ќе се облечат.

Инаку, неодамна модниот бренд Зара направи сличен гаф, кога претстави превртени капути на своите модели.




Спонзорирани линкови

Маркетинг