Имаше шанса да стане новиот Леонардо Ди Каприо или Мет Дејмон, а потоа едноставно “исчезна”

Точка

21/01/2020

14:30

3.079

Големина на фонт

а а а

Таа дамнешна 2001 година, кога имаше само 22 години, на Џош Хартнет му предвидуваа кариера како на Леонардо Ди Каприо или Мет Дејмон. Неговите улоги во “Pearl Harbor”, “Black Hawk Down”, “40 Days, 40 Nights” го лансираа на самиот врв на најбарани актери во Холивуд.

Хартнет ги красеше насловните страници на магазините, папараците беа негов составен дел од животот, а режисерите се “караа” за него. Но, изгледа дека на младиот актер во еден момент му станало доста од сè. 


Наместо работа на блокбастери, во последните 20 години Џош Хартнер работеше на независни филмови како “Wicker Park”, “Lucky Number Slevin” и “The Black Dahlia”. Во 2006 година ја одби улогата на Супермен, а беше и на списокот на Кристофер Нолан за улогата на Бетмен, која подоцна му беше доделена на Кристијан Бејл. Во последната деценија, Хартнет се појави во неколку кратки филмови и глумеше во “Penny Dreadful”, хорор серија од 2014 година.

Се чини дека сега веќе 41-годишниот актер почнува постепено да се враќа на филмското платно со повеќе проекти, вклучувајќи ја и претстојната драма на Гај Ричи – “Cash Truck”. Неговата последна улога е во филмот “Inherit The Viper”, драма за семејната борба со дрогата.


Тој во интервју за “Vice” и “Variety” зборувал за последниот филм, но и за својот приватен живот. Џош открил дека неговиот поглед кон Холивуд се развивал од фрустрација до прифаќање. Многумина мислат дека тој потполно исчезнал од филмската индустрија, но вистината е дека Хартнет само се држел понастрана од бомбастичните наслови. Како што изјавил тој, сфатил дека тоа не е начинот на кој сака да живее и работи.

“Секогаш се обидував да работам на филмови кои говореа за нешто повеќе од само чиста забава”, изјавил актерот.

Филмот “Inherit The Viper” е сниман само 17 дена, а станува збор за семејнa драма сместена во сиромашен град во Охајо, каде браќата Кип (Хартнет), Бутс (Овен Тиг) и сестрата Џоси (Маргарита Левиева) им продаваат опијати на пријателите и соседите како средство за преживување. Меѓутоа, нивната трговија доведува до неколку трагедии, а кога една работа ќе тргне по погрешен пат, Кип кој очекува дете конечно ќе сфати дека мора да се повлече од “играта со дрога”.


“Мислам дека одговорноста произлегува од самата тема и затоа не би сакал да ја сфатиме со леснотија. Не можете да раскажете таква приказна без да ја сфатите сериозно”, порачал Џош и додал дека неговиот лик се обидува да го спаси својот брат да не биде дел од “тој ужасен начин на живот до својата смрт, ако е можно”.



Спонзорирани линкови

Маркетинг