Научниците на праг да пронајдат универзален лек за рак: “Не верувавме дека такво нешто е можно”

Точка

21/01/2020

15:54

3.545

Големина на фонт

а а а

Научниците открија нов “убиец на канцерогени клетки” кој би можел да се користи како универзален лек за сите типови рак.

Станува збор за Т-клетки од крвта кои ги препознаваат и убиваат клетките на рак, притоа чувајќи ги оние здравите. Т-клетките или Т-лимфоцити се тип на лимфоцити (подтип на бели крвни зрнца) кои имаат централна улога во клеточниот имунитет. Истражувачите од универзитетот во Кардиф тврдат дека овој податок може да се искористи во создавањето на универзален лек за сите типови рак. 

Терапијата со Т-клетки, при која клетките на имунолошкиот систем се вадат, модифицираат и се враќаат во крвта на пациентот за да ги уништат канцерогените клетки е последната револуција во лекувањето на рак.


Најчесто се користи “CAR-T” терапија која се прилагодува на секој пациент, меѓутоа оваа терапија цели само одреден број канцерогени клетки и не е успешна кај солидните тумори кои гo сочинуваат поголемиот дел од карциномите.

Научниците тврдат дека Т-клетките опремени со новиот тип на Т-клеточни рецептори можат да ги разликуваат здравите од заболените клетки.

Професорот Ендрју Суел, водечки автор на истражувањето, истакнал дека е “крајно необично да се пронајде терапија со толку широка специфичност која ја зголемува шансата за универзален лек против рак”.

“Се надеваме дека новата терапија ќе овозможи поинаков пат кон целта и уништување на широкиот спектар на карцином кај сите поединци. Постоечките терапии засновани на оваа можат да се применат само кај помал дел од пациентите. Целењето на ракот преку Т1 клетки ја зголемува можноста за лекување неколку видови рак. Претходно никој не веруваше дека такво нешто е можно”, истакнува професорот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг