Вљубена е во зимските спортови и зимската идила, па не пропушти ниту оваа зима да се препушти на задоволството и уживањето заедно со нејзините деца Андреј и Јована. Вера Мештеровиќ раскажува за почетничкото искуство во скијањето, па се до денес кога со леснотија го прави сето тоа. Скијањето надополнето со прекрасните СПА центри на Копаоник според неа го прави најубавиот зимски одмор до сега.
- Да,го сакам скијањето. Убава ми е зимата на планина. Сите пејсажи на зимската белина ми се многу убави. Убава енергија ми дава, ми ги полни батериите, чист воздух. Убави се и прошетките кога крцка снегот под нозете. Зимската идила иако ладно, има своја драж,потсетува на топлина амбиент со камин,чаша вино...
- Првпат застанав на скии на 9 години на Маврово.
- Секако дека имаше паѓање, но не се сеќавам толку на тој период. Повеќе се сеќавам кога имав 16 години почнав да скијам на сноуборд. Тогаш баш имаше паѓања. Еднаш на Шар Планина на Церепашина стазата паднав во провалија, а веќе беше доцна, не баш пријатно искуство. Ме спасија, се се заврши добро пред вистински да се стемни.
- Омилени патеки, плави, црвени. Сакам адреналин но и лежерност, скијам за задоволство, со уживање, а не за да сум под тензија, затоа на црни стази не скијам.
- Да скоро се вративме. Со децата бевме на Копаоник во Србија.
- Андреј не му беше прво застанување на скии имаше пробано предходно во Маврово, а Јована прв пат застана на скии оваа година. Скијаа со инструктор и со мене заедно. Со Јована на Караман, а со Андреј и на Панчичев врв скијавме.
- Баш овој сега зимски одмор можам да кажам дека ние еден од најубавите зимски одмори. Вистински уживавме во овој зимски одмор. Бидејќи децата подпораснати, па сите заедно тројцата можевме се заедно, да скијаме, да шетаме, да одиме во теретана, на базен, ресторан, кафе бар. И децата разбираат многу повеќе сега, беа многу среќни, задоволни, возбудени цел зимски одмор.
- Копаоник како ски центар нуди навистина се за сите возрасти,во околината има повеќе бањи, покрај скијањето, спа центри, ресторани ,кафичи, за деца игротеки на снег, преку ден, а и навечер и за големи и за мали. Секогаш има нешто што би можело да се прави. Копаоник е прекрасен ски центар.
(А.В.)