Коби замина во вечноста со својата Мамбасита: Џиџи тргна по стапките на својот татко, а со Мамбата беа неразделни...

Точка

27/01/2020

16:11

3.111

Големина на фонт

а а а

Легендата на кошарката, Коби Брајант синоќа трагично го загуби животот во хеликоптерска несреќа. Во леталото со Коби беше и неговата 13-годишна ќерка Џана Мариа-Оноре Брајант.

Коби со својата ќерка одел на тренинг во неговата академија „Мамба“ кога неговиот приватен хеликоптер, најверојатно поради густата магла ја загубил контролата и се срушил. Покрај Коби и Џана, во хеликоптерската несреќа во предградие на Лос Анџелес загинаа уште седум лица.

13-годишната Џана тргнала по стапките на својот славен татко, тренирала и ја сакала кошарката.


Коби често ја нарекувал Мамбасита, а за време на гостувањето кај Џими Кимел во 2018-та година, легендарниот НБА кошаркар изјави дека неговата ќерка Џана би можела да заигра во "WNBA".

„Фановите доаѓаа и ми велеа - еј, па ти треба да имаш син, треба да имаш некој кој ќе ја продолжи традицијата, наследник. Тогаш ќе влеташе Џана, ќе им речеше - еј, па јас сум тука! Не ни треба момче за тоа, јас го имам тоа во себе“, велеше Коби Брајант.


Минатата година во декември, Коби и Џана се појавија на натпреварот помеѓу Атланта Хокс и Бруклин Нетс, а „Мамбата“ од првите редови ја подучуваше својата ќерка.


Коби беше горд татко на четири ќерки, а откако тој со својата наследничка која најмногу ја сакаше кошарката замина во вечноста, сеќавањето на него ќе го чуваат Наталија Дијаманте, Бјанка Бела и Капри Коби.



Спонзорирани линкови

Маркетинг