Неотркиен дијамант на северот на Шпанија: Шарено гратче со поглед на Бискајскиот залив

Точка

27/01/2020

14:51

2.399

Големина на фонт

а а а

Кога туристите размислуваат за Шпанија како летна дестинација, во главно мислат на островите или на јужниот брег. Токму поради тоа на северот на Шпанија, поточно во кнежевството Астрија, се наоѓа неоткриен дијамант на оваа земја.

Кудиљеро или на локален дијалект Куидеиру, е рибарска населба на северот на Пиринејскиот полуостров. 

Освен заработката од риболов, ова место живее и од туризам. Меѓутоа, за разлика до другите познати и популарни летувалишта, во Кудиљеро ќе сретнете во главно Шпанци, кои, за разлика до странците, знаат за ова прекрасно приморско место.

Кудиљеро е познато по шарените куќи на брегот, а над тие куќи има видиковци од кои има неверојатен поглед на населбата и Бискајскиот залив.

Овој град е и официјално прогласен за едно од најубавите места во цела Шпанија, а според легендата го основале Викинзи.

Доколку сакате да одите во Кудиљеро од 5-ти до 15-ти јуни, сместување за две лица ќе платите околу 25.000 денари, а доколку купите и авионски карти на време, тоа ќе ве чини нешто повеќе од 30.000 денари.

Ако се најдете во Кудиљеро ова или некое наредно лето, не пропуштајте да уживате во свежо уловената риба и локалниот рум.



Спонзорирани линкови

Маркетинг